Состојки:
  • Ронибет јагнешко бутче од 3 кг.
  • 200 мл. масло
  • 200 мл бело вино
  • 1 страк праз
  • 1 лимон
  • 2 моркови
  • 700 мл. вода
  • 2 лажиици сув зачин
  • За маринада:
  • 3 чешниња лук
  • 1 кафено лажиче оригано
  • 1 кафено лажиче мајчина душица
  • сок од еден лимон
  • 2 супени лажици алкохолен оцет
  • 1 супена лчажица рузмарин
  • 3-4 супени лажици сол
  • 1 морков
Подготовка:

Јагнешкото бутче се мие убаво под млаз ладна вода, а потоа со нож му се прават мали џепови за да ставиме лукче и морков.

Ориганото, мајчина душица, рузмаринот, сокот од лимон и оцетот се мешаат во еден сад.

Јагнешкиот бут го посолуваме убаво, а потоа во џеповите ставаме лук и парчиња морков, а потоа го премачкуваме со маринадата го покриваме убаво во фолија и го оставаме 24 часа во ладилник да си прими вкусови.

Во тава ставаме парчиња праз, морков лимон и врз тоа го ставаме јагнешкиот бут, налеваме вода, вино и масло, а потоа врз него го посолуваме сувиот зачин. Покриваме убаво со фолија и ставаме да се пече на 170 степени 3 часа.

После 3 часа го откриваме месото и со течноста од тавчето му ставаме одозгора и вракаме да се зарумени на 200 степени.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!