Состојки:
  • 700 гр. Ронибет јагнешко месо
  • 10 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 100 мл. црвено вино
  • 100 мл. топла вода
  • По потреба масло, црн бибер, мешан сув зачин, сол
  • За премачкување: сенф по потреба
Подготовка:

Јагнешкото месо исечете го на парчиња или може да користите цела плешка или бут.

Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков.

Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете црн бибер и мешан сув зачин.

Ставете го месото во тава за печење и попрскајте го со масло.

Ставете го и преостанатиот морков исечен на покрупни парчиња.

Посолете и додајте ги водата и виното.

Тавата затворете ја убаво со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени.

Печете 45 минути, а потоа извадете ја фолијата и превртете го месото.

Продолжете со печење уште 15 минути без фолија.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!