
Шницлите исечете ги на тенки парчиња и убаво исчукајте ги со кујнски чекан. Зачинете го месото и секое парче премачкајте го убаво од двете страни со сенф. Вака подготвеното месо оставете го да отстои околу 3 часа во фрижидер.
Откако ќе помине потребното време, кратко пропржете го месото во врело масло. Во истата тава ставете го да се пржи ситно сечканиот кромид. Пржете неколку минути, а потоа во садот додајте малку вода. Оставете ги состојките да се динстаат неколку минути.
Во меѓувреме, брашното измешајте го со ладно млеко. Откако ќе се уверите дека нема грутчиња, додајте ја и павлаката, една лажица сенф и зачини по избор.
Сето тоа додајте го во садот во кој се готват шницлите. Оставете ги да провријат шницлите заедно со сосот неколку минути.
Добар апетит!





