Состојки:
  • 4-6 парчиња Ронибет пилешки гради
  • 2-3 лажици кајмак
  • 2-4 лажици крем сирење
  • 150 гр. Ронибет чадена сланина
  • 100 гр. лебни трошки
  • 100 гр. брашно
  • 2 јајца
  • свинска маст за пржење
  • црн бибер, буковец, сол
  • 100 гр. кашкавал
Подготовка:

1. Го чукаме месото за да стане потенко и со поголема површина.

2. Го премачкуваме со кајмакот и крем сирењето.

3. Го наросуваме со бибер и сол, а може и други зачини по желба.

4. Ја редиме сланината и го виткаме во ролат. Повторно го посолуваме и наросуваме со бибер.

5. Го валкаме во брашно, па во разматените јајца и на крајот во лебните трошки.

6. Го пржиме на умерена температура во свинска маст.

7. Откако ќе го испржиме го сервираме и врз него рендаме кашкавал.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!