Состојки:
  • 500 гр. Ронибет јунешко месо
  • 1 главица кромид
  • 250 гр. шампињони
  • 500 гр. млади компири
  • 1 коцка за супа
  • сол по потреба
  • масло по потреба
  • 500 + 200 мл. Вода
Подготовка:

Во длабока тава со загреано масло ставете го исецканиот кромид да се пропржи, па додадете ги сецканите печурки и месото на помали парчиња. Пржете околу 10 мин.

Потоа, додадете вода и една коцка за супа и оставете да се динста 1 час. Следно, додадете ги и компирите исечени на помали парчиња, додадете уште малку вода (околу 1 чаша) оставете пак да динста околу 40 мин.

Доколку мислите дека има потреба, додадете плус зачин по желба и сол.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!