
1. Од меленото месо се прават мали ќофтиња, а пилешкото и свинското месо се сечат на мали коцки, исто така се сечкаат и печурките и кромидот. Со тоа подготовката на продуктите е готова.
2. Во тавче на оган најпрво се запржуваат ќофтињата и се тргаат настрана, во истото тавче се запржуваат и свинското, а потоа и пилешкото месо, на крај во тавчето се пропржува кромидот на кој му се додаваат печурките.
3. Трите вида месо заедно со кромидот се ставаат во тава за печење, се додава виното, зачините и вода колку да се прекрие месото.
4. Се пече на 230 степени додека се редуцира течноста.
Добар апетит!





