Состојки:
  • 250 гр. Ронибет мелени пилешки гради
  • 250 гр. Ронибет мелено мешано месо (свинско со говедско)
  • 1 јајце
  • 1 рендан кромид
  • 1 парче леб (потопен во вода, па исцеден)
  • 1 лажица мешан сушен зеленчук (зачин)
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 200 гр. Ронибет димена сланина
  • 50 гр. Ронибет димена свинска плешка
  • 50 гр. Ронибет димен колбас
Подготовка:

Кромидот, јајцето, лепчето и зачините ги мешаме во еден сад и потоа ги делиме на две. Едната половина ја ставаме во пилешкото месо, а другата во мешаното мелено месо. Со парчињата сланина го обложуваме садот во кој ќе се пече месото.

Ставаме половина од мешаното месо. Во пилешкото месо ставаме сечкани мали коцки од свинската плешка и димениот колбас. Врз мешаното свинско го ставаме целото пилешко мелено, па втората половина од мешаното месо. Печеме на 200-220 степени, додека да зацрвени месото.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!