Состојки:
  • 800 гр. Ронибет пилешки гради
  • 15 парчиња суви домати во маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 300 мл. неутрална павлака за готвење
  • 100 гр. крем сирење со зачински билки
  • 125 гр. моцарела
  • 10 гр. пармезан
  • 5-7 листови босилек
Подготовка:

Вклучете ја рерната на функцијата вентилатор на 180 степени да се загрева.

Тавата во која ќе печете премачкајте ја со путер. Сувите домати исцедете ги и исечкајте ги на ленти. Лукот исто исечкајте го ситно. Пармезанот изрендајте го а моцарелата исечкајте ја на коцки. Босилекот исто исечкајте го. Пилешките гради исечете ги во должина на неколку парчиња, посолете ги и ставете ги да се пржат на загреан зејтин. Извадете ги и ставете ги во тавата.

Доматите ставете ги да се пржат во истиот зејтин каде се пржеше пилешкото, продинстајте ги па ставете го лукот. Кратко пропржете и ставете ја неутралната павлака. Оставете да зоврие, додадете го крем сирењето и мешајте додека да се стопи. Ставете го и босилекот и овој сос налејте го врз пилешкото во тавата. Одозгора наредете ги коцките моцарела и наросете со пармезанот. Ставете да се пече 20-25мин.

Добар апетит!

Од македонските домашни фарми – до вашата трпеза!