Свежи подготовки од месо

100% ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Месните подготовки се направени од свежо месо, со строго контролирано домашно потекло и произведени по највисоки стандарди во кланицата на Ронибет.

Направени по традиционална рецептура од врвни месари – мајстори во својот занает, овие производи ги збогатуваат менијата и асортиманот на угостителски објекти – ресторани, пицерии, хотели, сендвичари, маркети и објекти за брза храна.

Нашите ќебапи се произведени според уникатна рецептура постара од 100 години, традиционален вкус кој трае повеќе од еден век!

Ќебапи
Плескавица
Шарска плескавица
Пилешки колбаси
Свински колбаси
Свинско ребро
Свинска кременадла
Јунешко мелено месо
Мешано мелено месо
Пилешко месо на коцки
Пилешки увијач
Свински увијач
Пилешка пашка
Свинска пашка
Пилешки ражнич
Свински ражнич
Дипломатски пилешки ражнич
Дипломатски свински ражнич
Пилешки копан без коска
Пилешки саламурен стек
Пилешки копан во марама
Свински дроб во марама
Секогаш свежо и вкусно!

Се придржуваме до највисоките стандарди за контрола на квалитет на производството. Ги инкорпорираме и HACCP и HALAL стандардите во нашата дејност, давајќи приоритет на безбедноста на нашите вработени, потрошувачите и животната средина.