Свежо јагнешко месо

100% ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Специфичниот начин на производство на свежото јагнешко месо, гарантира висок квалитет и совршен вкус за сечија трпеза.

Со потекло од јагниња одгледани во еколошки услови, од домашни фарми, по најсовремени мерки на одгледување со висок стандард, свежото јагнешко месо е наменето за извоз во земји на ЕУ. Како пионери во производството на свежо месо, учествуваме со над 40% од вкупниот извоз на јагнешко од Македонија. Произведено по HACCP и HALAL стандарди пропишани од ЕУ, освен за извоз, месото го пласираме на и домашниот пазар, со висока застапеност во месари и супермаркети.

Сертификати
Секогаш свежо и вкусно!

Се придржуваме до највисоките стандарди за контрола на квалитет на производството. Ги инкорпорираме и HACCP и HALAL стандардите во нашата дејност, давајќи приоритет на безбедноста на нашите вработени, потрошувачите и животната средина.