
1. Месото се посолува по вкус.
2. Во сад се мешаат балсамико, вино, црна и црвена пипер, сенф, лук и рузмарин. Месото убаво се премачкува со масло, потоа и со маринадата. Убаво се тријат, масираат ребрата и се оставаат преку ноќ.
3. Наредниот ден се ставаат во тава за печење, се додава малку вода – околу 200 мл., се покриваат со фолија и се печат во загреана рерна на умерен оган, околу 2-2,5 часа, додека месото да омекне. Во текот на печењето се превртуваат ребрата неколку пати, а по потреба се долева вода. При крај се премачкуваат со мешавината од медот и кечапот и се запекуваат уште 15-20 мин.
Добар апетит!






